Крокети од компири и сос од копар – одлична комбинација!

Крокети од компири и сос од копар – одлична комбинација!

Денес ви пренесуваме рецепти за преубав, кремаст сос од копар и крокети од компири – комбинација која совршено одговара.

Состојки за крокети:

  • 2 полни шолји компир пире
  • 100 гр ситно сирење
  • 200 гр брашно + 50 гр за посипување
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица млеко
  • малку бибер
  • 1 јајце
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • масло за пржење

Состојки за сос:

  • веза копар
  • 2 дл млеко
  • малку вода
  • сол
  • шеќер
  • 1 лимон
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица брашно
  • 5 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Од сите состојки за крокетите (освен масло), замесете меко тесто и оставете го десетина минути да отстои. Крокетите пржете ги во загреано масло додека не поруменат од двете страни, вадете ги на хартиени салфети да се исцедат од маслото и послужете ги топли.
  2. За сосот, прво испржете ситно сечкан лук на масло, додајте лажица брашно и кратко пропржете со мешање. Додајте млеко, исечкан копар, исцеден сок од лимон, сол и шеќер. Крчкајте пет минути со мешање. Кога сосот ќе згусне разредете го со малку вода.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л