Брзи топчиња со цреши и кокос

Брзи топчиња со цреши и кокос

Рецепт за топчиња со бисквити, кокос и овошје. Во следниот рецепт подготвени се со цреши, но може да се направат и со вишни, јагоди…

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 100 гр путер или маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр шеќер во рпав
  • 1 лажица ванилин екстракт
  • 1 дл млеко
  • 100 гр кокосово брашно (може ореви или лешници)
  • 400-500 гр цреши

Начин на подготовка:

  1. Одвоено растопете ги путерот и чоколадото во рерна.
  2. Црешите измијте ги и извадете ги коските. Секоја цреша потопете ја во чоколадо, па наредете на тацна, ставете ги во замрзнувач или фрижидер на 15-20 минути да стегнат.
  3. Бисквитите, путерот, шеќерот, ванилата, млекото и 50 гр кокос измешајте ги.
  4. Од оваа маса земајте по малку и обложете ги чоколадните цреши, облокувајте со раце за да добиете убави топчиња. На крај колачињата извалкајте ги во кокос.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

singlepost_text