Мисиркини шницли во сос од магдонос

Мисиркини шницли во сос од магдонос

Кремастиот сос од магдонос на мисиркиното месо му дава посебна сочност.

Состојки:

  • 800 гр мисиркино бело месо
  • 1/2 дл масло
  • 50 гр путер
  • 2 дл кисела павлака
  • 2 лажица брашно
  • 2 вези магдонос
  • неколку капки сок од лимон
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исечете го на тенки шницли. Исчукајте го со чекан за месо и посолете. На добро загреано масло испржете ги шницлите.
  2. Во тава со растопен путер испржете ситно сечкан магдонос. Додајте малку вода, лимон и посолете.  Во садот со павлака додајте брашно. Измешајте состојките да се соединат, па додајте ги во тавата. Гответе додека сосот не ја добие потребната густина.
  3. Пред сервирање, сосот пропрскајте го со исечкан магдонос. Сосот од магдонос прелијте на шницлите на овал.

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука