Мини мафини со јагоди и шлаг

Мини мафини со јагоди и шлаг

Вистински пролетен десерт кој се подготвува за миг…

Состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр шеќер
  • 250 мл јогурт
  • 100 мл масло
  • 300 гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 шолја јагоди
  • цимет
  • шлаг

Начин на подготовка:

  1. Јајцата и шеќерот разматете ги пенасто, па додајте јогурт, брашно измешано со прашок за печиво и масло. Повторно матете додека не добиете глатка, хомогена маса.
  2. Намастете калапи за мафини и посипете ги со брашно. Во секој калап ставете смеса и печете на 180-190 степени додека не порумени.
  3. Кога ќе се изладат, преку мафините ставете шлаг и по една до две јагоди, па послужете.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед