ТОПИ КИЛОГРАМИ: Чорба од ослиќ и домати

ТОПИ КИЛОГРАМИ: Чорба од ослиќ и домати

Читател на Gotvi.mk ни го испраќа овој вкусен рецепт за чорба од ослиќ и домати. Тој го приготвил ова јадење додека држел диета со домати со која за 6 дена ослабел нешто над 3 килограми.

Состојки:

  • 1 филета ослиќ (без коски и кожа)
  • 2 главици кромид
  • 2 поголеми домати
  • маслинов зејтин
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Кромидот се сечка ситно. Може и да го изрендате.
  2. Се пропржува на тавче со маслиново масло. Откако ќе се издинста кромидот, во тавчето се додава филетата ослиќ и се пржи околу 5 минути од сите страни.
  3. Доматите се сечкаат на коцки и се додаваат во тавчето. Се динста додека не се добие компактна смеса.
  4. Се додаваат зачини по желба (сол, бибер, лук во прав, мешан зачин, босилек), како и свеж магдонос.
  5. Послужете во длабока чинија. Може по желба да додадете и 1 лажица павлака.

На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

РИЗНИЦА ОД ЗДРАВЈЕ: Сок од домати – 1001 причина зошто да го пиете

Како прави Италијанци: Направете вкусни брускети со домати

Закрепнете со кремаста чорба од домати и моркови

ПОДОБРО ОД БОЛОЊЕЗЕ: Сос од домати и босилек

Готово во два потега: Тестенини со шери домати

Никој нема да им одолее – Ќофтенца во сос од домати и пармезан

Смути со шери домати – нов здрав вкус во кујната

ТРИК НА ГОДИНАТА: Исечете 20 домати за 5 секунди