Чоколадни колачиња кои не дебелеат: Ќе ви бидат омилени!

Чоколадни колачиња кои не дебелеат: Ќе ви бидат омилени!

Колачите без шеќер се многу подобар избор во однос на слатките полни со засладувачи, а ние ви претставуваме уште подобри колачи – топчиња за слабеење!

Не содржат шеќер, туку изобилуваат со состојки кои брзо ќе ве заситат и така ќе го намалите дневниот внес на калории.

Состојки:

  • 150 гр лешници
  • 150 гр бадеми
  • 100 гр ореви
  • 10 суви кајсии
  • 10 урми
  • 50 гр брусница
  • 50 гр црно чоколадо
  • сок од 1 портокал
  • 150 гр црно чоколадо за прелив

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте ги кајсиите, урмите, брусниците и 50 гр чоколадо. Лешниците и оревите ставете ги во тенџере па во рерна на десетина минути на 180 степени. Потоа протријте ги со раце како би ја отстраниле обвивката. Заедно со бадемите ставете ги во блендер и сомелете.
  2. Во блендер додајте ги и претходно исечканите кајсии, урми, брусници, чоколадо. Ставете сок од еден портокал. Кратко сомелете за состојките да се измешаат и соединат. Од смесата формрајте топчиња и ставајте ги во корпшички. По желба прелијте со чоколадо кое претходно сте го растопиле со 2-3 лажици масло.
  3. Ставете ги колачињата да се изладат и сервирајте ги со исцеден портокал.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)