Овие плескавици од компир со месо се неверојатни. Пробајте ги и вие – се подготвуваат едноставно и брзо, а се многу вкусни.
Состојки:
- 5-6 компири
- 150 грама мелено, претходно испржено месо
- 1 главица кромид
- 2 јајца
- брашно – една лажица
- малку магдонос
- сол
- бибер
- зачини
Начин на подготовка:
- Изрендајте го компирот и исцедете ја водата. Додајте јајца, сол, бибер, брашно и измешајте.
- Меленото, претходно малку испржено месо, измешајте го со ситно сечканиот кромид, бибер, сол и останатите зачини.
- Од направената маса компир формирајте тенки плескавици.
- Ставете месо на формите од компир и поклопете ги со друга половина од смесата и пржете ги на врело масло од двете страни.
- Исто така многу е вкусно ако плескавиците ги прелиете со павлака, а наместо месо може да ставите и салама.
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт