Брза пита со тиквици и јогурт

Брза пита со тиквици и јогурт

Лесен и вкусен оброк, идеален за доручек или вечера.

Состојки:

  • 1 средна тиквица
  • 1 компир
  • 3 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 50 мл вода
  • 200 мл јогурт
  • 6 лажици брашно
  • 1 дл масло
  • 2 кафени лажички сол
  • малку бибер

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците, компирите и кромидот изрендајте ги, посолете ги и побиберете ги, додајте ситно сечкан лук.

     

  2. Посебно разматете јајца со јогурт, вода, брашно и измешајте со тиквиците, кромидот и компирот.

     

  3. Сè излејте во помал, намастен плех и печете на 200 степени додека убаво не порумени.

     

  4. Послужете со салата, јогурт или павлака.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт