Мусака на англиски начин

Мусака на англиски начин

Подгответе мусака на малку поинаков начин – направена од компир пире и збогатена со зеленчук.

Состојки за фил:

  • 1 голема главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 600 гр мелено месо
  • 2-3 моркови
  • 1-2 раце грашок
  • сол
  • сув зачин
  • бибер
  • масло
  • пипер
  • 1 лажичка шеќер

Состојки за пире:

  • 1 кг компири
  • 2-3 лажички путер
  • 100 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте кромид и лук, па додајте месо и зачини, а потоа моркови и грашок. Кога месото ќе промени боја во браун, значи дека е готово.
  2.  Одвоено подгответе компир пире, но со поголема количина млеко од обично.
  3. Во намастен плех ставете смеса од месо, а преку неа пире.
  4. Печете во рерна на 180 степени, околу 20 минути.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци