Брз рецепт за вкусна путер погача

Брз рецепт за вкусна путер погача

Кога ќе ја пробате погачата направена по овој рецепт, ќе заборавите на обичните теста. Ќе ви биде задоволство да подготвите путер погача каква што не сте пробале досега!

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 2 јајца
  • 30 гр квасец
  • 300 мл млеко
  • 100 гр путер
  • 50 мл масло
  • малку шеќер
  • малку сол
  • 1 жолчка
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Во малку млако млеко растворете квасец со лажица шеќер, потоа, додајте 2 јајца, масло и остатокот од млекото. Додајте брашно, сол и замесете средно тврдо тесто.
  2. Оставете го во сад да нарасне, па развлечете го. Премачкајте го со растопен путер, па свиткајте.
  3. Сечете ролати и редете ги во намастен плех. Во средина комбинирајте што сакате. Оставете ја погачата малку да нарасне, премачкајте ја со жолчка и посипете ја со сусам.
  4. Печете на 200 степени 45 минути. Пред крајот на печењето намалете ја температурата на 180 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта