Пастрмка во бел сос

Пастрмка во бел сос

Пробајте нешто поинакво! Сос од павлака и оригано одлично оди со пастрмка печена во рерна.

Состојки:

  • 4 пастрмки
  • 150 гр путер
  • 8 лажици кисела павлака
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажичка оригано
  • 1 лимон
  • сол
  • свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пастрмките исчистете ги, измијте ги, исушете ги и одвојте ги од коски. Посолете ги и прелијте ги со сок од лимон. Оставете ги десетина минути. Ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со растопен путер и печете во рерна околу 40 минути.
  2. За тоа време направете прелив од кисела павлака, оригано, лажица брашно и малку сол. Со оваа смеса прелијте ја пастрмката и печете уште десетина минути.
  3. На чинија за сервирање ставете пастрмка и прелијте со сос и посипете со свеж магдонос.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки