Плетена штрудла со нутела

Плетена штрудла со нутела

Една преубава штрудла, мека и сочна, се подготвува за миг!

Состојки:

  • 400-500 гр брашно
  • 2 јајца (едно за премачкување)
  • 1,5 дл млеко
  • 20 гр квасец
  • 100 гр маргарин
  • 1 лажица шеќер
  • прстофат сол
  • 200 гр нутела или некој друг крем

Начин на подготовка:

  1. Од наведените состојки замесете тесто и оставете го 15 минути да надојде.
  2. Потоа развлечете го на голем круг и премачкајте го со нутела. Свиткајте ролат и пресечете по должина. Ќе добиете два дела кои треба да ги испреплетете. Премачкајте со едно јајце и така оставете го да стои околу 15 минути додека рерната се загрева на 200 степени.
  3. Печете додека не порумени, околу 25 минути. Од горе по желба посипете со шеќер во прав.

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?