„Порокот“ кој може да биде добар: Чоколадото е здраво за срцето

„Порокот“ кој може да биде добар: Чоколадото е здраво за срцето

Љубителите на чоколадо сега конечно имаат причина да се радуваат.

Нивниот порок може да биде здрав за срцето, покажале резултатите од итражување спроведено во Данска, кое е објавено во British Medical Journal: Heart, пишува Индепендент.

Истражувањето покажало дека умерен внес на чоколадо го намалува ризикот од фибрилации на срцевите преткомори, состојба која погодува 8.8 милиони луѓе во ЕУ и се поврзува со поголем ризик од откажување на срцето, когнитивно опаѓање и деменција.

За време на истражувањето собрани се податоци на Данци стари помеѓу 50 и 64 години за нивната здравствена состојба, животните навики и навиките во исхраната, а секој од учесниците требало да одговори на прашањето колку често јаде чоколадо.

Со контролирање на нивната здравствена состојба, се покажало дека испитаниците кои јаделе две до шест порции чоколадо неделно биле помалку склони на развој на фибрилации на срцевите преткомори, во однос на оние кои јадее само едно парче месечно.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text