Нов влажен бран носи уште повеќе дожд

Нов влажен бран носи уште повеќе дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни особено во претпладневните часови. Од овој влажен бран на повеќе места се очекува да наврнат над 45 л/м2 воден талог. Кон крајот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје слично време, облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни ќе бидат во претпладневните часови, а попладне интензитетот на врнежите ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе има слаби локални врнежи од дожд, а од недела се очекува постепено стабилизирање и затоплување на времето.

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

 

singlepost_text