Најмеките пекарски кифлиња!

Најмеките пекарски кифлиња!

Рецепт за брзи кифлички од многу меко тесто…

Состојки:

  • 250 гр меко пченично брашно
  • 250 гр јачменово брашно
  • 25 гр свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 250 мл млеко
  • 50 гр маргарин
  • 50 мл масло
  • 100 мл кисло млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 јајца
  • малку млеко за премачкување
  • јачмени снегулки за посипување

Начин на подготовка:

  1. Разматете квасец во млако млеко со лажица шеќер и малку брашно. Од брашното, најдојдениот квасец, јајцето, омекнатиот маргарин, маслото, киселото млеко и солта замесете средно меко тесто. Ако е потребно додајте уште малку брашно и оставете го тестото прекриено да нарасне.
  2. Откако ќе нарасне, премесете го и поделете го на 16 топчиња. Секое топче развлечете го во облик на елипса, што потенко и свиткајте кифли. Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Премачкајте со млеко и посипете со снегулки (може и сусам и ким)
  3. Вклучете ја рерната на 200 степени и веднаш ставете ги кифлите. Печете триесетина минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса