Бифтек со пржен кромид

Бифтек со пржен кромид

Пржените кругови кромид на ова јадење ќе му дадат подобар вкус и интересен изглед.

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 1 веза ротквици
  • 2 лажици масло
  • 2 главици кромид
  • 4 гранчиња рузмарин
  • 4 парчиња бифтек (по околу 150 гр)
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • јаболков оцет

Начин на подготовка:

  1. Згответе компири во лушпа. Кога ќе се изладат излупете ги и исечкајте ги на кругови. Ротквиците измијте ги и исто така исечете ги на кругови. Посолете, побиберете и зачинете со маслиново масло и оцет.
  2. Кромидот излупете го и исечете го на кругови. Рузмаринот измијте го, исцедете го и ставете по едно гранче на секое парче месо.
  3. Во друга тава загрејте масло па испржете го месото од секоја страна по три минути. Исто така 3 минути на маслото испржете го и кромидот.
  4. Со вака подготвениот бифтек послужете компир салата од компири и ротквици.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text