Помага кај повеќе болести: Направете домашен сок од НАНЕ!

Помага кај повеќе болести: Направете домашен сок од НАНЕ!

На зима, омилена напивка за многу луѓе е чајот од нане, поради убавиот вкус, пријатниот мирис, но и бројните лековити својства.

Сепак, сезоната на цветање на нането е лето, а ние ви претставуваме совршен начин да уживате во оваа моќна билка и за време на летото – подгответе освежувачки сок од нане и лимон.

Здравствени придобивки од сокот од нане:

– го зајакнува имунитетот и спречува развој на бактерии и вируси
– ги опушта нервите и целиот организам
– гарантира мирен и добар сон, спречува ноќно потење
– помага кај проблеми со желуидникот
– ублажува симптоми од настинка и алергии
– го елиминира лошиот здив
– ја подобрува циркулацијата
– ги ублажува симптомите од менструација и менопауза
– го забрзува метаболизмот и процесот на слабеење
– обезбедува редовно празнење на цревата

Ви треба уште некоја причина за да ја направите оваа здрава напивка?

Состојки:

  • 2 л вода
  • 200 гр шеќер
  • 10 врвови свежо нане
  • сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  1. Водата и шеќерот згответе ги, па кога ќе се излади додајте нане. Оставете го да отстои 24 часа, а потоа процедете го и додајте сок од лимон. Се пие ладен, кога и да почувствувате жед.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко