Рецепт за домашен зачин

Рецепт за домашен зачин

Подгответе мешавина од зачини и збогатете ги своите јадења со домашен, здрав производ.

Состојки:

  • 200 гр корен магдонос
  • 200 гр корен пашканат
  • 1/2 кг моркови
  • 1 корен целер
  • веза магдонос
  • 2 главици кромид
  • 2-3 лажички сол

Начин на подготовка:

  1. Целерот, коренот од магдонос, морковите и кромидот излупете ги. Коренот од пашканат само темелно измијте го и исушете го бидејќи така ја задржува аромата. На ситно ренде изрендајте ги сите состојки и додајте ситно сечкан магдонос и сол. Смесата убаво изедначете ја.
  2. Смесата нанесете ја на послужавник и ставете ја во замврзнувач. После 2-3 часа исечкајте коцкасти делови и вратете ја во замрзнувач. Кога ќе ви биде потребен зачин, само извадете коцка од замрзнувачот.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со грозје против брчки

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

10 „убијци“ на вишокот калории