Празна пита со јогурт: Подобра и покрцкава никогаш не сте јаделе!

Празна пита со јогурт: Подобра и покрцкава никогаш не сте јаделе!

Едноставно и евтино јадење, одлично за доручек или вечера…

Ви претставуваме рецепт за сочна и многу вкусна пита, без оглед на тоа што нема ништо внатре!

Состојки:

  • 500 мл јогурт
  • 4+1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 500 гр кори за пита (дебели)
  • 100 мл масло
  • 100 мл вода
  • 1 прашок за печиво

Начин на подготовка:

  1. Разматете четири јајца со сол, па налијте јогурт, масло и вода и повторно измешајте. На крај додајте прашок за печиво па соединете.
  2. Вклучете ја рерната на 200 степени. На дно на тепсија ставете две кори, вишокот ставете го навнатре. Сите останати кори ставете ги во лепеза, на ширина со два прста. Преку двете кори во тепсијата наредете ги лепезите една до друга. Прелијте сè со разматената смеса од која ќе оставите неколку лажици да ја разматите со останатото јајце.
  3. Смесата ставете ја помеѓу, па со четка за премачкување или лажица распоредете рамномерно секаде. Разматете ја преостанатата смса со јајце па прелијте од горе и размачкајте секаде.
  4. Ставете да се пече додека не порумени. Послужете со јогурт или кисело млеко.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт