ТОРТА ЉУБОВНО ГНЕЗДО: Нешто најкремасто што некогаш сте го пробале!

ТОРТА ЉУБОВНО ГНЕЗДО: Нешто најкремасто што некогаш сте го пробале!

Толку е вкусна, што ќе ја правите повторно и повторно…

Оваа торта е идеална за секоја свечена прилика, но кога ќе ја правите за саканата личност, задолжително правете ја во облик на срце!

Состојки за кора:

  • 10 белки
  • 10 лажици шеќер
  • 2-3 лажици џем од кајсии
  • 200 гр сечкани ореви

Состојки за фил:

  • 10 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • шеќер по упатството за пудинг
  • 1 л млеко
  • 4 лажици гриз
  • 2 лажици брашно
  • 375 гр путер
  • 200 гр мелени ореви
  • 10 сечкани крем бананчиња
  • 2-3 кесички шлаг

Начин на подготовка:

  1. Разматете белки со шеќер и додајте џем од кајсии. Намастете плех, посипете го со сечкани ореви и ставете ја масата за кора. Во рерна загреана на 150 степени ставете да се пече околу 40 минути.
  2. Разматете жолчки со шеќер и згответе ги на пареа. Згответе и пудинг со 1/2 л млеко. Во преостанатото млеко ставете  4 лажици гриз и 2 лажици брашно, па и тоа згответе го да биде како качамак.
  3. Разматените жолчки, пудинг и гриз соединете ги, изладете, додајте разматен путер. Поделете го филот на два дела. Во првиот дел додајте мелени ореви, во другиот крем банани.
  4. Превртете ја испечената кора, така што оревите ќе бидат од горе, прво ставете фил со ореви, потоа со крем банани. На крај премачкајте ја целата торта со разматен шлаг и украсете ја по желба.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?