Сомуните имаат повеќе називи. Било да ги нарекувате лепињи, сомуни, погачи – сите знаете на што мислите.
Ви донесуваме рецепт за оригинален босански сомун…
Состојки:
- 1 кг брашно
- 10 гр квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка сол
- 700 мл студена вода
Начин на подготовка:
- Во еден сад ставете сол, шеќер, квасец и малку вода и оставете смесата да нарасне. Претресете го тоа во садот со брашно и студена вода, па измешајте. Оставете го тестото да отстои еден час.
- Од тестото направете седум или осум топчиња. Секое развлечете го од 20 до 30 сантиметри, а доколку тестото се лепи за прсти, ставете малку брашно. Земете некоја дрвена или метална шипка со која ќе го „прошарате“ тестото, односно ќе го притиската додека направите мрежа.
- Рерната добро загрејте ја, па потоа ставете ги сомуните да се печат.
- Сараевските сомини дефинитивно се единствени по својот вкус и изглед. Можете да ги јадете со сите јадења.
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот