Рускиот лек, познат како Кумис, ја регенерира микрофлората во желудникот, пробајте го…
Во шолја врела вода растворете 2 лажици мед. Добро измешајте и ставете во голема тегла. Додајте 2 лажици кефир и литар млеко.
Измешајте, прекријте со два слоја газа и оставете на топло место да отстои три дена. Потоа додајте лажичка сув квасец, измешајте и повторно прекријте со газа.
Откако ќе забележите дека во теглата се појавуваат меурчиња, кумисот е готов. Ставете во тегла во фрижидер и пијте од лекот по 0,5 дл половина час пред јадење, три пати дневно.
Предупредување: Возачите не би смееле да пијат кумис пред да седнат зад волан бидејќи содржи мала количина алкохол.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи