Нека не ве залажува сонцето – не чека нагла промена со времето

Нека не ве залажува сонцето – не чека нагла промена со времето

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и преку денот со умерен ветер од западен правец. Кон крајот на денот ќе има услови за локална појава на нестабилност особено на северот од земјата.Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло претпладне со мала до умерена облачност и со умерен западен ветер. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Температурата ќе се движи од осум до 27 степени.

Влажен бран со врнежи од дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе е проследен со врнежите на повеќе места кои ќе бидат поројни и со грмежи. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура и тоа за 5 до 7 степни. Во понеделник ќе продолжи да дува северниот ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во понатамошниот период ќе е променливо, во попладневните делови од денот ќе има појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневните температури ќе се во благ пораст.

Повеќе на Gotvi.mk:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

singlepost_text