Ништо подобро од фин и вкусен домашен леб, ниту еден купечки не може да го замени. Ви донесуваме рецепт за домашен леб!
Состојки:
- 250 гр интегрално брашно
- 250 гр бело брашно
- 1 прашок за печиво (10 гр)
- 1 лажица мед
- 2 лажички сол
- 3 лажици маслиново масло
- 300 мл млака вода
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 250 степени.
- Измешајте ги сите суви состојки, па додајте масло, вода и мед. Добро измешајте да се соедини. Поделете на два дела.
- Ако е потребно дополнително посипете малку брашно по површината, како би можеле да го извадите тестото и да го обликувате. Ставете го на плех прекриен со хартија за печење. Печете петнаесетина минути, додека кората не стане цврста.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот