Јагодите се совршен афродизијак за топлите месеци

Јагодите се совршен афродизијак за топлите месеци

Ако постои овошје со неодолив изглед, заносен мирис и совршен вкус, кое воедно е и здраво, па дури и лековито, тогаш тоа е јагодата.

Јагодите се во мода секоја пролет, без оглед на трендовите. Меѓу бројните видови постојат и жолти, кои се посебен специјалитет и чиј плодови се берат до есен. Освен што се исклучително добри за здравјето, познати се и како афродизијак, особено во комбинација со шампањ…

Полни се со антиоксиданси

Всушност, во овошниот свет одлично котираат – тие се четврто овошје со највисоко ниво антиоксиданси. Исто така, содржат природни феноли, кои делуваат како противвоспалителен аспирин или ибупрофен против болки.

На сите добро ни е познат и витаминот Ц, кој ја зголемува силата на артериите, спречува создавање  на модринки и ја засилува работата на надбубрежните жлезди, кои бараат најгоемо ниво витамин Ц во однос на другите жлезди или органи во нашето тело.

Против брчки

Витаминот Ц е епотребен во телото како би произведувал колаген кој ја подобрува еластичноста и отпорноста на кожата. Со оглед на тоа што производството на колаген со стареењето се намалува, консумирањето храна богата со витамин Ц е нужна за кожата да остане младолика и здрава. Освен витамин Ц, елагинската киселина исто така е одлична за спречување предвремена појава на брчки. Со други зборови, јагодите содржат два силни борци против раните знаци на стареење.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед