ВАКА СЕ ПРАВИ ФЕТА СИРЕЊЕ: Оригинален рецепт од срцето на Грција!

ВАКА СЕ ПРАВИ ФЕТА СИРЕЊЕ: Оригинален рецепт од срцето на Грција!

Оригиналното, фета сирење се прави од козјо млеко, но и од кравјо нема да биде ништо полошо.

Состојки:

  • 2 л млеко
  • 1 лажица јогурт
  • 2 лажици сириште
  • 1/2 лажичка сол
  • 5 лажици сол на полвина литар сурутка

Начин на подготовка:

  1. Загрејте го млекото до 30 степени Целзиусови, повремено мешајќи за да се загрее рамномерно. Тргнете го од рингла, додајте јогурт разблажен со лажица млеко, добро измешајте, поклопете и оставете го 1 час на собна температура.
  2. Додајте сириште, измешајте и оставете го на собна температура преку ноќ. Наутро исечете го засиреното млеко на коцки, оставете го да стои петнаесетина минути, па процедете го низ газа и оставете го да капе 2-4 часа. Сочувајте ја сурутката. Потоа премесете го на студено место, а нареднот ден одмотајте го сирењето и во чинија измешајте со половина лажичка сол.
  3. На дно на плитка цедилка ставете чиста газа, ставете го сирењето преку газата и притиснете го со нешто тешко. Оставете го преку ноќ на студено. Наредниот ден исечете коцки сирење, прелијте со половина од сурутката и оставете го во фрижидер. Така подготвеното сирење треба да созрее 5 дена.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт