Заборавете на сонцето – следи силно невреме

Заборавете на сонцето – следи силно невреме

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи.Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.

Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен. Во следнава недела утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе се во пораст, информира УХМР.

Повеќе на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула