По бабин рецепт без грешка, направете ја оваа преубава јафа торта…
Состојки:
- 3 јајца
- 7 лажици шеќер
- 2 лажици брашно
- 3 лажици презла
- 1 лажица гриз
Состојки за фил:
- 1/2 л млеко
- 4 лажици шеќер
- 2 пудинга од ванила
- 250 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 300 гр јафа кекс/ресана
- 200 гр шлаг
Начин на подготовка:
- Разматете пенасто белки со шеќер, па додајте жолчки, брашно, презла и гриз.
- Добро измешајте и печете во намастен плех. Би било пожелно да имате округол плех со 28 см обрач. Бисквитот печете го на 200 степени, околу 15 минути. Печениот бисквит изладете го и оставете го во плехот.
- Во млекото додајте шеќер па згответе пудинг, а потоа изладете го.
- Омекнатиот маргарин добро разматете го со миксер па измешајте го со изладениот пудинг. Поделете го кремот, па во еден дел додајте растопено чоколадо.
- Премачкајте го бисквитот прво со светол крем, наредете јафа кекс, па од горе темен крем. Убаво прекријте го кексот.
- Од горе може да ставите глазура од чоколадо или шлаг.
Уживајте!
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега
Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат
Малиџано – одличен домашен рецепт