Мусака со бело месо и пиперки

Мусака со бело месо и пиперки

Подгответе вкусна мусака со бело месо и пиперки…

Состојки:

  • 500 гр пилешки шницли
  • 500 гр печени пиперки
  • 550 гр компири
  • 100 гр пченка
  • 3 поголеми моркови
  • 2 главици кромид
  • 4 јајца
  • 200 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. На дното на садот наредете исчистени и на кругови исечени компири, зачинете, а потоа ставете исчистени пиперки, па и нив зачинете ги.
  2. Преку пиперките ставете шницли од бело месо, малку пропржени од двете страни. Преку шницлите ставете пропржен исечкан кромид заедно со моркови исечкани на кругови, додајте и пченка.
  3. Зачинете со бибер и зачин. Преку мусаката наредете на ленти исечени пиперки.
  4. Печете 45 минути на 180 степени. Пред крајот на печењето, мусаката прелијте ја со разматени јајца со млеко.


Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци