Уживајте во летни температури – од утре нагла промена

Уживајте во летни температури – од утре нагла промена

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.Утринската температура ќе се движи од девет до 14 степени, а дневната од 19 до 31 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Во вторник на места ќе има врнежи од дожд кој локално ќе биде пороен со грмежи, особено на југоисток. Повеќе врнежи и на повеќе места ќе има и во среда. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

 Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?