????????????

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер, особено во западните делови и на повисоките места и планините.Утринската температура ќе се движи од девет до 15 степени, а дневната од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 32 степени.

Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.

 Повеќе на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?