Преубав, декоративен и мек куглоф – брз колач за викенд! (ВИДЕО)

Преубав, декоративен и мек куглоф – брз колач за викенд! (ВИДЕО)

Рецепт за декоративен, мек куглоф со пријатен вкус. Се прави многу брзо од состојки кои веќе ги имате во кујна.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 2 шолји шеќер (од 1,5 дцл)
  • 2 лажици ванилин екстракт
  • 1,5 шолја млеко
  • 1,5 шолја растопен путер или маргарин
  • 3,5 шолји брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1/2 шолја какао во прав
  • 4 лажици вода

Начин на подготовка:

  1. Вклучете ја рерната на 230 степени, калапот за куглоф намастете го со путер и посипете го со брашно.
  2. Разматете јајца со шеќер, додајте ванила, млеко, путер, брашно и прашок за печиво. Сè добро измешајте да нема грутки и од масата одвојте 2,5 шолји во посебна чинија. Во тој дел измешајте какао со малку вода.
  3. Во калапот ставете малку светло тесто, потоа темно и така наизменично додека не го потрошите материјалот.
  4. Веднаш печете во загреана рерна околу 35 минути.

Послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text