Тава тестенини со чаден колбас – за брз ручек!

Тава тестенини со чаден колбас – за брз ручек!

Не може да се каже дека овој ручек е баш „лесна“ верзија што се однесува на калориите, но подготовката е едноставна, а вкусовите вистинска експлозија!

Состојки:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 чаден колбас
  • 1 помала главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 шолји пилешка супа
  • 300 мл доматно пире
  • 1/2 шолја млеко
  • 250 гр тестенини
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер
  • изрендано тврдо сирење
  • 1/4 лажичка црвена пипер
  • малку млад кромид (по желба)

Начин на подготовка:

  1. На маслиново масло издинстајте кромид и колбаси исечкани на кругови околу пет минути. Додајте лук и зачини, па гответе уште две минути.
  2. Додајте пилешка супа, доматно пире, млеко и тестенини па оставете да се готви 15 минути.
  3. На врвот изрендајте сирење и тргнете ја тавата од оган. Посипете со сечкан млад кромид.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити