Освежувачка и здрава салата со јогурт   

Освежувачка и здрава салата со јогурт  

Оваа салата ќе стане вашиот нов омилен вкус. Нема да се покаете.

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 150 гр кашкавал
  • 200 гр шунка
  • 2-3 обарени моркови
  • 15 кисели краставички
  • 1 црвена пиперка
  • 1,5 л. Јогурт
  • 200 гр мајонез

Подготовка:

  1. Во солена вода се варат тестенините, па се мијат со ладна вода и се става малку масло па се мешаат. Кашкавалот, шунката и морковите со краставичките и пиперката се сечат на коцки и се ставаат со тестенините.
  2. Се додава јогуртот и мајонезот и добро се меша да се соедини.
  3. Сервирајте со малку нарендан кашкавал одозгора.

Поврзани вести на Готви.мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо