Поховани тиквици (ВИДЕО)

Поховани тиквици (ВИДЕО)

Најдобриот рецепт за највкусни тиквици!

Состојки:

  • 2 средни тиквици
  • 5 јајца
  • 200 гр брашно
  • 300 гр презла
  • сол
  • 3 дл масло за пржење

Состојки за маринада:

  • малку магдонос
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица јаболков оцет или лимон
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Добро измијте ги тиквиците, исечете ги врвовите и потоа со тенок нож сечете тенки листови. Исечените тиквици посолете ги и оставете ги 15 минути да го пуштат својот сок кој треба да го исцедите.
  2. Разматете јајца, посолете. Тиквиците прво извалкајте ги во брашно, јајца, повторно во брашно, јајца, па во презла.
  3. Пржете ги на средна температура додека не поруменат од двете страни.
  4. Жешките тиквици премачкајте ги со маринада: измешајте исечкан магдонос, лук, оцет, масло и малку сол.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Неодолива крем салата

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа