ЛЕБОТ НА ХУНЗИТЕ: Оригинален рецепт стар 2.000 години!

ЛЕБОТ НА ХУНЗИТЕ: Оригинален рецепт стар 2.000 години!

Хунзите се племе во кое живеат најздравите луѓе на планетава. Тајната на нивното здравје, помеѓу другото, е и овој леб.

Камали е традиционален леб на Хунзите, а рецептот за ова печиво е стар околу 2.000 години.

Состојки:

  • 1 шолја брашно од цело зрно мелено на камен или мешавина од 1/3 пченично брашно и 2/3 хејдино брашно
  • врв на лажичка морска сол или посолен зачин од зеленчук
  • 1/2 шолја минерална вода (Хунзите користат „глечерско мелко“ – вода која се топи од глечери богата со минерали)

Начин на подготовка:

  1. Измешајте брашно и сол, па полека додавајте вода и мешајте додека не добиете тесто. Површината на која го правите лебот посипете ја со брашно, а потоа месете додека тестото не стане меко и еластично.
  2. Завиткајте го замесениот леб во влажна крпа и оставете го да отстои 30 минути. Поделете го тестото во топчиња со големина од околу 3 сантиметри, а потоа развлечете го секое топче во тенки тортиљи со големина од околу 20 сантиметри во пречник.
  3. Тортиљите печете ги на плотна, прво на едната, па на другата страна, околу 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта