Како семеен десерт или за свечани прилики, овој единствен чизкејк ќе го направите за само неколку минути!
Сирењето и чоколадото се одличен пар за десерт кој можете да го подготвите во облик на торта за свечености или едноставно ако сакате да се почастите. Здружете ги слатките фаворити во една комбинација која брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде.
Состојки за подлога:
- 150 мелени бисквити со путер
- 100 гр путер
- 2 лажици какао
Состојки за крем:
- 300 гр чоколадо за готвење
- 500 гр сирење маскарпоне
- 200 гр шеќер во прав
- 250 мл павлака за шлаг
Начин на подготовка:
- Измешајте мелени бисквити со растопен путер. Обложете калап за печење торта со хартија, па во него ставете ја подлогата од кекс и путер.
- Со миксер разматете павлака за шлаг, додајте маскарпоне, шеќер во прав и растопено млако чоколадо (внимавајте да не биде жешко). Добро измешајте додека не добиете глатка смеса, па прелијте ја подлогата од бисквити.
- Оставете ја тортата во фрижидер неколку часа.
- Совет: Од чоколадо можете да направите и глазура.
- Послужете со омиленото овошје и парчиња ореви, лешници или бадеми.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Јадете го ова и кажете му збогум на целулитот
Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот
10 „убијци“ на вишокот калории
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Како да ослабете според хороскопскиот знак?
Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате
Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?
Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате
ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки