Запечени макарони со кикирики: Не постои ништо повкусно!

Запечени макарони со кикирики: Не постои ништо повкусно!

Сите обожаваме макарони со сирење, но кога ќе им додадеме кикирики, тие стануваат единствено и незаменливо јадење.

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 1 чаша кисела павлака
  • 300 гр фета сирење
  • 150-200 гр печени солени и излупени кикирики
  • масло по потреба

Начин на подготовка:

  1. Макароните ставете ги во вода со лажичка сол. Зготвените макарони исцедете ги од вода. Во посебен сад иситнете сирење, па соединете го со кисела павлака. Соединете со макароните па се добро измешајте за филот да ги фати сите макарони.
  2. Намастете тепсија со масло, ставете половина од макароните, а потоа посипете ситно сечкани печени кикирики, па преку тоа ставете ја другата половина макарони.
  3. Запечете во загреана рерна на 250 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство