„Поздрав од Фукушима“ во кината низ Македонија

„Поздрав од Фукушима“ во кината низ Македонија

„Поздрав од Фукушима“ во режија и сценарио на Doris Dörrie е германска драма која ги разработува последиците од катастрофата во Фукушима, опишани преку млада Германка која за прв пат се соочува со такви чувства и глетки.

Во бегството од своите неостварени животни соништа, младата Германка Мари патува во Јапонија. Таму се приклучува на организацијата Clowнs4Help, каде што во катастрофалното погодено подрачје на Фукушима сака да донесе малку радост во кое сеуште живеат претежно стари луѓе затоа што не сакале или не можеле да се иселат.

Меѓутоа Мари наскоро мора себеси да си признае дека за овој вид на работа не е ни малку способна. Непосредно пред тоа, во намеа повторно да побегне, ја запознава своеглавата Сатоми, последната гејша на Фукушима, на која и дошла идеја да се врати во опустошената куќа во забранетата зона.

Мари и помага на Сатоми во работата околу расчистувањето. При тоа младата и стара жена, кои не можат да бидат различни, полека се зближуваат и двете се судираат со духовите од минатото.

Филмот е снимен во црно-бела техника, а улогите ги толкуваат Rosalie Thomass, Kaori Momoi, Nami Kamata. „Поздрав од Фукушима“ досега има освоено голем број на награди на повеќе филмски фестивали.

singlepost_text