ЕДНОСТАВНА ПОДГОТОВКА: Колач без брашно и шеќер стана светски хит

ЕДНОСТАВНА ПОДГОТОВКА: Колач без брашно и шеќер стана светски хит

Овој колач без брашно и шеќер стана светски хит. Покрај состојките, овој десерт се прави многу лесно, а доаѓа од Јужна Америка.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 2 портокали
  • 200 гр ореви, бадеми, лешници или кокос
  • 1/2 лажица сода бикарбона
  • 100 гр црно чоколадо
  • 200 мл неутрална павлака за готвење

Начин на подготовка:

  1. Портокалите прво потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа згответе ги околу половина час додека не омекнат. Сомелете ги добро во блендер, додајте јајца и јаткасти плодови, претходно сомелени, и малку сода бикарбона.
  2. Печете го колачот на 200 степени околу 20 минути.
  3. Згответе неутрална павлака и во неа додајте чоколадо додека не се растопи. Прелијте го готовиот изладен колач. Разладете во фрижидер и послужете.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди