ЧОКОЛАДНА ЛАЗАЊА: Вкусна и без печење – готова за 20 минути

ЧОКОЛАДНА ЛАЗАЊА: Вкусна и без печење – готова за 20 минути

Ако сакате нешто многу вкусно, а веќе ви здодеа од бомбици, торти и ситни колачи, направете вкусна чоколадна лазања.

Состојки:

  • 1 пакување орео кекси
  • 6 лажици путер
  • 230 мл крем сир
  • 20 гр шеќер
  • 2 лажици млеко ладно
  • 350 мл шлаг
  • 2 пакувања чоколаден пудинг
  • 300 мл ладно млеко
  • 100 гр чоколадни трошки

Подготовка:

  1. Земете плех и намачкајте го со путер. Орео кексите сомелете ги и додајте истопен путер и месете додека не се направи маса. Стиснете ја на дното на плехот и оставете ја во фрижидер да се стегне.
  2. Во меѓувреме изматете го крем сирот и додајте млеко и шеќер, па мешајте, и изматете половина шлаг па додајте го во смесата.
  3. Прелијте ја смесата врз кората и вратет на десетина минути во фрижидер.
  4. Пудингот ставете го со ладно млеко и матете, се додека не добиете компактна смеса. Прелијте преку филот со шлагот и вратете на ладење.
  5. На крај декорирајте ја тортатат со останатиот шлаг и ставете чоколадни трошки одозгора.
    Уживајте во чоколадната лазања! Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

 

singlepost_text