Подгответе пилешка салата на единствен начин!
Состојки:
- 300-350 гр печено пилешко
- 2 кисели краставици
- 1 кисела пиперка
- сол
- бибер
- мајонез
- домат или некој друг зеленчук за украсување
Начин на подготовка:
- Исечете го пилешкото (ослободено од коски) на поголеми парчиња, додајте сечкани краставици и пиперка, зачинете со мајонез, па додајте сол и бибер по вкус.
- Сервирајте на чинија и украсете со зеленчук.
- Салатата може да послужи и како фил за сендвичи.
Добар апетит!
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт