МЕКИ КАКО ДУША: Памук кифли со џем!

МЕКИ КАКО ДУША: Памук кифли со џем!

Ќе уживате во секој залак од овие превкусни кифли…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 дл масло
  • 3 дл млеко
  • 1 лажица сув квасец
  • 100 гр шеќер
  • околу 700 гр брашно
  • џем од сливи за фил
  • 200 гр шеќер и 3 дл вода за сируп
  • 100 гр кокос за посипување

Начин на подготовка:

  1. Во 3 дл млако млеко ставете лажица сув квасец и 100 гр шеќер. Откако ќе нарасне додајте 2 јајца, 2 дл масло и брашно, па замесете тесто.
  2. Тестото добро изработете го и оставете го да надојде. Откако ќе надојде поделете го на пет делови. Секој дел развлечете го во круг и исечете го на 8 триаголници.
  3. На секој триаголник ставете лажичка џем и свиткајте во кифличка. Така направете со сите делови од тестото. Кифличките оставете ги 15 минути, па печете ги на 200 степени додека благо не поруменат.
  4. Во меѓувреме згответе сируп: Во сад ставете шеќер и вода и гответе 4-5 минути од времето откако ќе зоврие. Печените кифлички додека се топли потопете ги во топол сируп, па посипете ги со кокос. Кифлите не треба да стојат во сирупот, туку само провлечете ги.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса