СТАРСКИ БУЧКУРУШ: Лесна чорба за чистење на организмот!

СТАРСКИ БУЧКУРУШ: Лесна чорба за чистење на организмот!

После скарите и прејадувањата, телото моли за чинија топла чобра…

Старскиот бучкуруш паѓа како мелем на рана. Телото посакува чорба која го чисти телото од насобраната храна и токсини.

Состојки:

  • 1 млад кромид
  • 1 морков
  • 1 корен магдонос со листови
  • неколку гранчиња целер
  • 2 вези блитва
  • 200 гр јунешко
  • 4 помали компири
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На малку маст или масло прво издинстајте кромид, потоа додајте морков, магдонос, листови целер. Кога зеленчукот благо ќе омекне, додајте блитва и јунешко исечкано на коцки, па додајте и малку вода и сè гответе на слаб оган додека не зоврие. Потоа додајте уште вода и гответе еден час. Додајте сол и бибер.
  2. Послужете топло и без додатоци. Ако можете избегнувајте и леб.
  3. Доколку сакате да го исчистите организмот, еден цел ден јадете ја оваа чорба кога и да огладнете, но без леб. Тој ден избегнувајте слатки и сокови. Пијте вода, а од овошје јадете јаболка.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text