Едноставна подготовка, фантастичен вкус: Брз колач од гриз и мармалад! (ВИДЕО)

Едноставна подготовка, фантастичен вкус: Брз колач од гриз и мармалад! (ВИДЕО)

Рецепт за мирисен, сочен и брз колач од мармалад и гриз. Сè се мери во шолја од 200 мл.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја гриз
  • 1 шолја мармалад
  • 1 шолја брашно
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко
  • 1 прашок за печиво
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со шеќер и ванилин шеќер, додајте ги останатите состојки и сè измешајте (не е потребен миксер).
  2. Намастете тепсија и посипете ја со брашно, па излејте го разматеното тесто. Големината на тепсијата може да биде по ваш избор. Исто така, мармаладот изберете го по ваш вкус, ако користете кајсија ќе имате посветол колач.
  3. Колачот се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути. Убав е кога се јаде топол, а мек е и после два дена.

Повеќе на Готви.мк:

ЛЕСНО И БРЗО: Домат чорба со кнедли

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text