Ви се јаде пица? Еве ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ од една пицерија!

Ви се јаде пица? Еве ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ од една пицерија!

Малку се оние кои не сакаат да јадат пица, кралицата на брзата храна со стотици варијации. Но, доброто тесто е темел на сè.

Тестото за пица може да го подготвите на повеќе начини, а секој мајстор има свои трикови. Сепак, некои најмногу им веруваат на рецептите кои доаѓаат од самите пицерии. Еден таков ви пренесуваме и ние, рецепт кој за јавноста го откри еден пица мајстор.

Состојки:

  • 1 кг брашно тип 400
  • 1/2 литар млака вода
  • 1 лажица сол
  • 2 лажици шеќер
  • 10 грама квасец

Начин на подготовка:

  1. Половина од подготвената вода измешајте ја со лажица брашно, квасец и две лажици шеќер. Сè добро разматете и измешајте со остатокот од брашното и малку масло. Тестото месете го додека не почне да се одделува од садот. Потоа оставете го во сад да „нарасне“, околу еден час. Тестото разделете го во топчиња, а претходно ставете масло на рацете. Готовите топчиња исто така премачкајте ги со масло и оставете да отстојат 10 минути.
  2. Распоред на состојки – по ваша желба, со по некој детал. Кога ќе го растегнете тестото во саканата големина, на него прво ставете „база“, односно домати, малку маслиново масло и по желба зачини како оригано. На базата ставете рендан кашкавал, а потоа состојки по желба. На крај повторно ставете рендан кашкавал и оригано.
  3. Дополнителен трик. За една пица ви треба околу 300 грама тесто. Кога ќе го заместите тестото, вклучете ја печката на висока температура добро да се загрее, а потоа почнете со додавање состојки.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки