Совршен рецепт за совршен ручек: Ѓувеч по „старски“

Совршен рецепт за совршен ручек: Ѓувеч по „старски“

Денес ви донесуваме јадење кое ќе ги израдува вашите домашни, гости, најблиски и пријатели, и ви гарантираме дкеа често ќе се наоѓа на вашата трпеза.

Состојки:

  • 400 гр јунешко месо
  • 1 главица црвен кромид
  • 3 поголеми компири
  • пасиран домат
  • мелена пиперка
  • 1 кесичка зеленчук за ѓувеч

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го кромидот и ставете го на загреано масло во длабока тава. Додајте малку шеќер додека го динстате кромидот. Додајте месо исечкано на коцки кои претходно малку сте ги посипале со брашно.
  2. Динстајте додека месото не ја промени бојата, додајте компир исто така исечен на коцки и додајте домат и две поголеми шолји вода. Кога ќе зоврие, додајте зеленчук за ѓувеч и две лажици мелена пиперка. Зачинете со други зачини по желба.
  3. Гответе десетина минути, а потоа јадењето префрлете го во плех. Покријте го со фолија.
  4. Печете еден час во загреана рерна на 200 степени – последните десет минути тргнете ја фолијата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

 

 

 

singlepost_text