Нежен чоколаден колач кој се топи во уста!

Нежен чоколаден колач кој се топи во уста!

Ќе бидете воодушевени од вкусот, но и од брзината на подготовка!

Состојки:

  • 1 чаша (200 мл) млеко
  • 1 чаша шеќер
  • 1 чаша масло
  • 4 супени лажици (со врв) какао
  • 2 јајца
  • 1 чаша брашно
  • 1 кесичка прашол за печиво
  • ванилин шеќер (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Со миксер разматете чаша млеко, чаша шеќер, чаша масло и 4 лажици какао. Поделете ја смесата на два дела.
  2. Во едниот дел додајте 2 јајца, чаша брашно, кесичка прашок за печиво и ванилин шеќер. Измешајте со миксер.
  3. Намастете тепсија или ставете хартија за печење и ставете ја смесата со брашно и јајца. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.
  4. Проверете со чепкалка дали колачот е готов: ако чепкалката е сува, колачот е печен.
  5. Извадете од рерна и жешкиот колач прелијте го со првиот дел од смесата.
  6. Нека отстои час-два, па исечете го на парчиња.
  7. Послужете и уживајте!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Нема веќе стоење до шпорет – Колач без печење, совршен за горештините

Чоколадно чудо: Брз и вкусен колач со едно јајце

Најбрзиот колач на светот: Измешајте брашно и сладолед и ќе добиете колач за 5 минути

ВИДЕО: Трикови за печење колачиња кои ќе ги пробате веднаш

Овошен колач со јагоди

Колач со печени јаболка