Закрепнете со кремаста чорба од домати и моркови

Закрепнете со кремаста чорба од домати и моркови

Некои би рекле дека без супа нема ни ручек. Една од омилените супи на многумина е онаа од домати. Овој пат подгответе ја додвајќи и морков за речиси совршена комбинација.

Состојки за 4 лица:

  • 1 лажица путер + малку масло
  • 1 главица кромид
  • 900 гр домати
  • 2 поголеми моркови
  • 450 мл супа по желба – зеленчукова, пилешка
  • 2 лажици исечкан магдонос
  • 3-4 лажици павлака за готвење
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Растопете путер со малку масло и додајте ситно сечкан кромид. Исчистете ги и измијте ги морковите, па исечкајте ги на парчиња. Измијте ги и исечкајте ги зачинските билки.
  2. Во сад ставете ги доматите, морковите, магдоносот и супата. Гответе 25 минути,а потоа испасирајте. На крај додајте павлака, сол и бибер.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text