Стар рецепт за ориентални ќебапи: Гурманско уживање од јагнешко месо!

Стар рецепт за ориентални ќебапи: Гурманско уживање од јагнешко месо!

Заборавете на обичната скара! Пробајте нешто ново и воодушевете ги своите гости…

Состојки:

  • 1/2 кг јагнешко мелено месо
  • 200 гр спанаќ
  • 1/2 калинка
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици исечкани ореви
  • магдонос
  • прстофат цимет
  • сол
  • бибер
  • 1 дл овчо кисело млеко
  • 3 лажици маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте главица кромид и 2 чешниња лук. Исечкајте ореви и магдонос, па сè измешајте со 500 гр јагнешко мелено месо. Посолете, побиберете, па зачинете со малку цимет. Направите 12 ќебапи, ставете ги на дрвени стапчиња за ражничи и премачкајте ги со малку масло.
  2. Измијте ги листовите спанаќ и исчистете половина калинка. Измешајте овчо кисело млеко, сол, бибер и три лажици маслиново масло. Испечете ги ќебапите на скара. Сервирајте со прелив од кисело млкео, спанаќ и калинка.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text